Реформа
Состојки
- Тесто
- 7 белтоци
- 200 гр шеќер
- 200 гр толчен орев
- 1 пециво
- 5 лажици брашно
- Фил
- 14 жолчки
- 14 лажици шеќер
- 300 гр стопено чоколадо
- 250 гр путер
- Ганаж
- 200 гр чоколада
- 200 мл хопла
- 100 гр толчен орев за околу тортата
Подготовка
Подготовка:
1. Се матат белки до густ шам. Потоа се додава постепено шеќерот. На крајот се додаваат оревите измешани со брашното и пецивото. Ова е едно тесто. Се прави уште едно. Се печи во плех на 200С-20мин.
2. Се матат жолчките со шеќерот на пареа. Кога ќе се згуснат жолчките се додава чоколадата и се остава да олади. Кога е оладен филот се миксира путерот и се мешаат двете смеси.
3. Се филува-тесто фил тесто фил најгоре ганаш околу тортата може шлаг крем и околу толчен орев.