Посни плескавички
Состојки
- 2 моркови
- 1 мала лажичка чиа семе плус 3 лажици вода за да нарасне
- 1главица кромид
- 300гр наут од конзерва
- 2 лажици овес
- 1 гранче магдонос
- 1лажица зачини (лук во прав,ѓумбир,кари )
Подготовка
Подготовка:
1. Во апаратот за сецкање ставете ги кромидот и овесот. Исецкајте ги убаво. Морковот изрендајте го и додајте го во смесата. Наутот се цеди од конзерва и се гмечи. Се додааваат зачините и малото лажиче чиа кое го растворивте во вода. Додајте магдоносот и убаво изгмечите да се спојат состојките. Оставете да отстои во фрижидер околу еден час.
2. Правете плескавички и редете ги на хартија за печење. Печете додека не заруменат.
На здравје.