Испечати

Вртена погача без месење

Вртена погача без месење

Состојки

  • Тесто
  • 400 мл. топла вода
  • 1 коцка свеж квасец
  • 2 лажички шеќер
  • 3 лажички сол
  • 80 мл. масло
  • 2 белки + 1 цело јајце (на собна температура)
  • 600-700 гр. брашно
  • Дополнително
  • по потреба масло за помастување на тепсијата
  • 2 жолчки за премачкување
  • по потреба сусам, сирење, маргарин

Подготовка

Вкусна вртена погача за која не ви треба сукало. Одлична идеја на која наидов на интернет.

Подготовка
1. Во сад за месење се става 200 мл. топла вода (одземена од 400 мл.), квасецот и 2-те лажички шеќер, се остава да надојде.
2. Потоа се додаваат сите останати состојки (без брашното) и преостанатата вода, се мешаат убаво течните состојки, и сега постепено се додава брашното се додека да се добие средно меко, еластично тесто.
3. Се остава да кисни 30 минути, не треба да се меси. Потоа се формира тесто во форма на ваљак, и тој се сечи на 8 еднакви дела.
4. На работна маса се зема 1 дел и со рацете се тркала да се добие една долга врвка од тесто, дебела околу 1 прст. Во намрсена округла тава бр. 30-32 см. во средината, врвката се врти во круг како полжав.
5. Постапката се повторува со останатите 7 делови од тестото и се продолжува со вртење на кругот онаму каде сме застанале со секоја врвца.
6. Врз тестото се ренда сирење, се премачкува со жолчките и се наросува со сусам, на крај се распоредуваат мали парченца маргарин.
7. Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути или додека убаво да зарумени.

(541)