Испечати

Стапалчиња - колачиња

Стапалчиња - колачиња

Состојки

  • 2 јајца
  • 150 гр шеќер
  • 150 гр маргарин
  • 3 лажици мед
  • 600 гр брашно
  • 1 пециво
  • 1 ванила
  • прстофат сол
  • 1 лајче сода бикарбона
  • 1 лајче ѓумбир
  • 1 лајче цимет
  • Глазура
  • 1 белка од јајце
  • 250 гр шеќер во прав
  • 1 лажица сок од лимон

Подготовка

Подготовка:

1. Се просејува брашното и се замесува убаво поцврсто тесто од дадените состојки,за да може да се обликува. Се сука со сукало тестото и се вадат фигури стапалчиња.
2. Се печат во загреана рерна од 200 С-15мин. Се оладуваат колачињата и се глазираат по желба.