Бухтли со тиква и ароматични зачини, полнети со чоколадо и слатко од дуњи
Состојки
- 30гр свеж квасец
- 1лажиче шеќер
- 1лажиче брашно
- 100мл млеко
- 40гр стопен путер
- 3лажици кафен шеќер
- 1лажиче цимет
- 1лажиче кардамом
- 1/2лажиче морско оревче
- 1 ванила
- 1/2 јајце
- 200гр варена и добро процедена тиква
- Околу 450 гр брашно
- За полнење
- Коцки чоколадо 45 %какао маса
- Слатко од дуњи
- За премачкување одозгора 1/2јајце
Подготовка
Миризливи, меки,вкусни, прекрасни Пробајте ги овие мои бухтли
Подготовка:
1. Во топлото млеко ставаме лажиче шеќер, лажиче брашно и квасец. Промешуваме и оставаме да се активира.
2. Потоа во вангличка се ставаат активирани квасец, путер, јајце, тиква,кафен шеќер ароматични зачини. Смесата убаво се соединува со вилушка. Постепено се додава брашно. Се замесува средно меко тесто, по малку и лепливо. Се покрива со прозирна фолија и се остава да се дуплира.
3. Потоа го делиме тестото на 12 топчиња. Нежно ги рашируваме во мал круг. На половина бухтли ставив коцки чоколадо, а на другата половина ставив по едно лажиче слатко од дуњи. Повторно нежно формираме топчиња и ги редиме во плех. Нека одморат на топло 20 минути, па ги премачкуваме со половинката јајце.
4. Ги печеме во загреана рерна околу 35 минути. Ги ставаме на кујнска решетка да се подизладат, па ги дегустираме.