Испечати

Компир манџа со гускино месо

Компир манџа со гускино месо

Состојки

  • 300-500 гр гускино месо
  • 5-6 (големи) компири
  • 1 главица кромид
  • 1-2 моркови
  • по вкус зачини (ловоров лист, куркума, сув магдонос, чубрика, босилек, сол, бибер)

Подготовка

Еве еден рецепт за убав и здрав ручек - малку невообичаен, но многу вкусен.

Подготовка:

1. Бидејќи гускиното месо е прилично тегаво и тешко се вари, најдобро е да го сварите најпрво него во експрес лонец.

2. Потоа во тенџере ставете ситно сецкан кромид и морков малку да се пропржи, па додајте ги компирите и месото исецкани на коцки. Кратко пропржете, па прелијте со водата во која се вареше месото, а по потреба додадете уште вода. Додадете зачини по вкус – јас ставив ловоров лист, куркума, малку сув магдонос, малку чубрика и босилек, сол и бибер. Оставете убаво да се искрчка и сè убаво да омекне.
3. На страна размешајте една-две лажици брашно со малку (ладна) вода и додадете го (со постојано мешање) во веќе сварената манџа. Варете уште десетина минути малку да се згусне и тргнете од оган.

Добар апетит!