Испечати

Бајадера

Бајадера

Состојки

  • 250 гр шеќер
  • 1 филџан вода
  • 125 гр маргарин
  • 100 гр ореви
  • 100 гр бисквити
  • 80 гр чоколадо
  • Глазура
  • 100 гр чоколадо
  • 3 лажици масло

Подготовка

Подготовка:

1. Во тенџере се става водата заедно со шеќерот и се остава на рингла да врие 3мин.
2. Во зовриениот шербет се додаваат - маргаринот кој со постојано мешање се топи. Се додаваат мелените ореви и бисквити .
3. Смесата се дели на два дела. Едниот останува бел,а во другиот се додава чоколадата.
4. Најпрво се става белиот дел во калап на прозирна фолија, па врз него црниот дел,Се остава да олади ,и се превртува белиот дел да биде најгоре. Се прелива со глазура од чоколада со масло.