Њоки во сос
Состојки
- 500гр њоки
- Вода и малку сол за варење
- сос
- 2лажици маслиново масло
- 1 мала главица кромид
- 1 црвена пиперка
- 100гр сецкана печеница или друго чадено месо
- 1лажица доматно пире
- Сол, бибер, чаден пипер
- 100гр рендан кашкавал
- 150мл павлака за готвење
Подготовка
Подготовка:
1. На оган се става тенџере со вода да се загрева.
2. Во тава се става масло, сецкан кромид и запржуваме. Се додава сецкана црвена пиперка. Се пржи додека да омекни. Потоа се додава доматно пире, зачини. Се додава и павлака за готвење и се крчка на најтивок оган 2,3 минути.
3. Во меѓувреме се ставаат њоките да се варат. Кога ќе испливаат на површината значи се готови.
Се ставаат кај подготвениот сос. Ако има потреба се става 2,3 лажици вода каде се вареа њоките. Убаво се се соединува и се става рендани от кашкавал. Промешуваме уште еднаш и сервираме топло јадење.