Испечати

Ролат во обланда со лешници

Ролат во обланда со лешници

Состојки

  • 100мл млеко
  • 130гр шеќер
  • 125гр путер
  • 70гр мелени, тостирани лешници
  • 150гр лешник наполитанки
  • 80гр црно чоколадо
  • 1 лист обланда

Подготовка

Подготовка:

1. Прво листот обланда се става меѓу две влажни крпи да омекни.
2. Во мало тенџере на оган ги ставаме да се соединат млекото, шеќерот, путерот, чоколадото. Од кога смесата е изедначена ја оставаме малку да се излади. Ги додаваме мелените наполитанки и мелени лешници. Соединуваме.
3. Смесата ја распоредуваме рамномерно на листот обланда. Виткаме ролат. Го оставаме да се стегни.
Го сечиме на парчиња и сервираме.