Испечати

Салата со печени црвени пиперки и сирење

Салата со печени црвени пиперки и сирење

Состојки

  • 4,5 печени црвени пиперки
  • 200гр сирење
  • 2 лажици исцедено кисело млеко
  • 1лажиче мајонез
  • 1лажица маслиново масло
  • Малку бибер
  • По желба лукче, магдонос, власец, толчени ореви... .

Подготовка

Подготовка:

1. Во сад го ставаме белото сирење и го дробиме со вилушка.
2. Испечените пиперки ги лупиме и ги сецкаме ситно. Ги додаваме кај сирењето. Додаваме маслиново масло, мајонез и исцедено кисело млеко. Убаво соединуваме. Оставаме во фрижидер да се спојат вкусовите, околу 30 минути.
Сервираме.