Испечати

Бомбици со батат компир, орев и спекулас кекси

Бомбици со батат компир, орев и спекулас кекси

Состојки

  • 120гр сварен и дооооброо исцеден батат, чиста маса
  • 70гр спекулас кекси
  • 100гр мелени ореви
  • 60 до 100гр шеќер во прав, по вкус
  • 1/2 лажиче цимет
  • 30гр растопен путер
  • Чоколадни мрвици за обложување

Подготовка

Подготовка:

1. Во сад ги ставаме испасираниот батат, растопен путер, цимет, шеќерот во прав, мелени ореви и мелени кекси. Убаво соединуваме со рака.
2. Ја ставаме смесата во фрижидер да отстои 30 минути, па формираме бомбици, кои ги обложуваме со чоколадни мрвици. Ги ставаме во хартиени кошнички и послужуваме.