Испечати

Кекс со слатко од дуњи и јаболка

Кекс со слатко од дуњи и јаболка

Состојки

  • 2 јајца
  • 2 филџани шеќер
  • 1 филџан масло
  • 2лажици слатко од дуњи
  • 2 помали, рендани јаболка
  • 5 филџани брашно
  • 2лажици сецкан орев
  • 1лажиче Сода бикарбона, рамно
  • По малку цимет и морско оревче

Подготовка

Домот нека ви замириса на убавина. Одличен кекс за тмурно, есенско попладне.

Подготовка

1. Во вангличка се ставаат јајцата, шеќерот и се мати до побелување на смесата. Со исклучен миксер го додаваме маслото.. Промешуваме.
2. Во еден сад ги соединуваме останатите состојки. Ги додаваме кај претходните состојки. Убаво со шпатула ја соединуваме цела смеса.
3. Ја истураме во долгнавест калап за леб, кој е обложен со хартија за печење. Печиме околу 35 минути.
Сепак проверуваме со чепкалка. Го оставаме испечениот кекс да се излади на кујнска решетка.
Сечиме на парчиња и послужуваме.

Користен е филџан од 100 мл
Слатко од дуњи правам по овој рецепт, на наша членка, совршено е.
https://moirecepti.mk/post/%D1%81%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%BA%D0%BE-%D0%BE%D0%B4-%D0%B4%D1%83%D1%9A%D0%B8