Фусили паста
Состојки
- 1/2кесе фусили тестенина
- Вода и сол за варење
- сос
- 2 лажици масло
- 1 .мала главица кромид
- 1 голема црвена пиперка, капија
- 1 голем црвен, излупен домат
- 1лажица доматно пире
- Сол, бибер
- 200гр кашкавал
- 100 до 130 мл павлака за готвење
- 1/2кутлач вода каде се вареше тестенината
- Свеж магдонос
Подготовка
Брз и вкусен оброк за 2 особи е мојот денешен предлог.
Подготовка:
1. Во тава ставаме масло и ситно сецкан кромид. Пржиме да застакли. Потоа додаваме ситно сецкана капија пиперка. Пржиме на тивко околу 10 минути. Додаваме доматно пире и свеж црвен домат.
Зачинуваме
2. Во меѓувреме ги вариме тестенините во посолена вода. Во тавата додаваме павлака за готвење и неколку лажици од водата, каде се вареше тестенината. Густината на сосот си ја одредуваме сами. Додаваме рендан кашкавал, па исцедени фусили. Убаво спојуваме се заедно. Посипуваме свеж магдонос и ги сервираме топли.
*Забелешка - Зборот фусили веројатно доаѓа од зборот фусо, бидејќи значи „врти“ со притискање и тркалање на мала прачка преку тенките ленти тестенини, за да ги навива околу неа во форма на штраф.