Цветни колачиња
Состојки
- 2 Жолчки
- 140 гр Путер (на собна температура)
- 70 гр Шеќер
- 1 Ванила
- пола Лимон (кората)
- 210 гр Брашно
- Плус
- 2 Белки
- 30 гр Шеќер
- 1 г.л. Шеќер во прав
- 50 гр Лешници или Ореви (мелени)
Подготовка
Декоративни и слатки на изглед колачиња во форма на цветови.
Подготовка
1. Во длабок сад ги ставаме жолчките (ги разматуваме со вилушка). Ги додаваме путерот, шеќерот, ванилата, кората од лимонот и брашното. Замесуваме тесто кое го завиткуваме во стреч фолија и го оставаме пола час во фрижидер.
2. Потоа помеѓу два листа мрсна хартија го расукуваме тестото и со помош на калапче во форма на цвет ги сечеме колачињата. Постапката се повторува до потрошување на тестото. Колачињата ги редиме во плех (врз хартија за печење).
3. Сега почнуваме со миксирање на белките со постепено додавање на кристал шеќерот и шеќерот во прав. Кога ќе се згусне смесата, ги додаваме мелените лешници или ореви - по вкус. Оваа смеса ја ставаме во готварски шприц и со негова помош истиснуваме во средината врз секое цветче.
4. Печеме во загреана рерна на 170 степени до заруменување од долната страна, па потоа печеме уште 5 минути со уклучен само горен грејач (тавчето го преместуваме едно ниво погоре). Печените колачиња ги ставаме врз решетка да оладат потполно, па ги дегустираме.
Забелешка - Јас направив пола доза, од која испаѓаат околу 15-20 колачиња (но секако тоа зависи и од големината на калапчето). По вкус може дополнително да се наросат со шеќер во прав.
На здравје!