Мафини со спанаќ и семиња
Состојки
- 150гр спанаќ
- 1лажиче спирулина
- 1лажица семки од тиква
- 1лажица сусам
- 3лажици брашно
- 1/3 лажиче пециво
- 200гр урда
- 60гр ореви
- 2 јајца
Подготовка
Подготовка:
1. За почеток да пишам дека јас користев замрзнат спанаќ. Го исецкав на ситни парченца. Во тој сад ги додадов јајцата, зачините, урдата и брашното, па мешајќи го додадов пецивото, оревите исто така кои претходно ги исецкав на некоја средна големина.Кога смесата е убаво измешана, ги полнам корпичките, наросувам семиња и ги ставам да се печат.
2. Проверувам со чачкалица дали се печени, Вадам од рерна и оставам да излади, па служам.
На здравје.