Овесни палачинки со тиква
Состојки
- 150 гр печена тиква
- 150 гр овесни снегулки
- 200 мл вода
- 1 јајце
- 1 лажица мед
- 1/2 лажиче цимет
- 1 лажиче пециво
Подготовка
Подготовка:
1. Во блендер ги ставаме сите состојки, блендираме додека не се добие хомогена смеса.
2. Во загреано тавче, со нелепливо дно, премачкано со кокосово масло, ставаме 2 лажици од смесата. Печиме 3-4 минути на средна температура, ја превртуваме палачинката и печиме уште толку од другата страна. Послужуваме со мед и мелени лешници.