Испечати

Пита со тиквица

Пита со тиквица

Состојки

  • 1 тиквица
  • 1 јајце
  • 200 мл јогурт
  • 170 гр палента
  • 70 гр овесно брашно
  • 80 гр сирење
  • ½ лажиче сол
  • 1 пециво

Подготовка

Подготовка:

1. Тиквицата ја лупиме и ја ставаме во сецко да ја иситниме. Во длабок сад ги ставаме тиквицата, го додаваме јајцето и јогуртот, промешуваме. Сирењето го дробиме и го додаваме во смесата. Ги додаваме палентата, овесното брашно, солта и пецивото. Промешуваме.

2. Смесата ја ставаме во сад за печење обложен со хартија за печење со димензии 30х20. Додаваме сусам и сончоглед. Печиме во загреана рерна на 180 степени 40 минути.