Торта со јогурт и чоколадни капки
Состојки
- 2 јајца
- 150гр. брашно
- 125гр. цврст јогурт
- 100гр. шеќер
- 70гр. чоколадни капки
- 40гр. путер
- 8гр. пециво
- 1 ванила
- За посипување
- по потреба шеќер во прав
Подготовка
Подготовка:
1. Изматете ги пенесто, јајцата, шеќерот и ванилата. Со постојано матење додајте ги јогуртот и растопениот путер. Додајте го просеаното пециво и постепено просеаното брашно.
Измешајте убаво со жица за матење. На крај додајте ги чоколадните капки и промешајте.
2. Ставете ја смесата во калап(20цм) премачкан со масло и набрашнет. Печете на загреана рерна од 180 степени, 30 -35 минути, зависно од рерната. По желба посипете ја со шеќер во прав