Испечати

Хумус со тиква

Хумус со тиква

Состојки

  • 250 гр сварен наут
  • 1 чаша пире од тиква
  • 2 лажици сок од лимон
  • 2 лажици таан
  • 3 лажици маслиново масло
  • сув лук по вкус
  • сол и бибер по вкус

Подготовка

Едноставно, вкусно и здраво јадење.

Подготовка:
1. Сите состојки ставете ги во блендер и миксајте се додека не добиете мазна смеса.
2. Тиквата може да е печена но и подготвена на пареа.
3. По потреба, во зависност од посакуваната густина можете да додадете вода. Прилагодете го по ваш вкус, исто и зачините.