Испечати

Зелена салата со тиква и сос од копар

Зелена салата со тиква и сос од копар

Состојки

  • 150 гр грчки јогурт
  • 1лажичка копар
  • 200гр тиква
  • 1 мала зелена салата ( романа )
  • 1/2 краставица
  • 100гр наут

Подготовка

Салата која плени со својата колоритност. Вкусна,здрава и преубава.

Подготовка:

1. Тиквата ставете ја во апаратот на пареа. Откако е готова исецкајте ја на коцки.
2. Зелената салата исецкајте ја и додадете го наутот и краставицата која ја исецкавте на мали коцкички. Додајте го јогуртот кој го помешавте со копарот. Благо помешајте. Салатата е готова. Ако сакате наутот можете да го потпечете на хартија, да биде покрцкав.
Нека ви е на здравје.