Испечати

Пиперки со кромид и лук во сенф

Пиперки со кромид и лук во сенф

Состојки

  • 30 пиперки ками
  • 5 средни главици лук
  • 5 средни главици кромид
  • 600 гр сенф
  • 200 мл масло
  • За обарување на зеленчукот
  • 250 мл вода
  • 250 мл киселина (било која)
  • 3 лажици шеќер
  • 2 лажици сол

Подготовка

Подготовка:

1. Исечкајте ги на ситни парчиња пиперките, кромидот и лукот.

2. Во тенџере на рингла ставете ги состојките да се обарат до зовривање. Додадете го сечканиот зеленчук и обарете го 10 минути. Потоа извадете го и оставете го да се цеди 3-4 часа.

3. Во длабок сад измешајте го сенфот убаво со маслото и потоа зеленчукот.

4. Пиперките соберете ги во стерилизирани тегли и чувајте ги на ладно и темно место. Одлично е како додаток со јадења од месо или како мезе.