Смути (јаболко, банана, путер од кикирики)
Состојки
- 1 Банана (позрела)
- 1 Јаболко (благо)
- 1 г.л. Овесни снегулки
- 1 г.л. Путер од кикирики
- 1 м.л. Ванила (екстракт)
- 100-150 мл Млеко (растително) или кравјо
Подготовка
Ова смути по структура е кремасто, кое пак по состав е идеално за екстра енергија во текот на денот.
Подготовка
1. Во чашката од блендерот ги ставаме наведените состојќи и блендираме до хомогенизирање. Послужуваме веднаш.
*Забелешка - Јас употребив зрела банана и благо јаболко, па затоа и немав потреба од додатно заблажување (вие по вкус). Доколку ви треба посна варијанта користете растително млеко, јас се одлучив за бадемово млеко. Количината одредете ја сами, односно според тоа дали сакате покремаста структура или не.
На здравје!