Погача со сирење и тиква
Состојки
- 350 гр брашно
- 1 лажичка сол
- 1 пециво
- 200 мл зејтин
- 200 мл јогурт
- 3 јајца
- 150 гр сирење
- 200 гр варена тиква
- семиња од тиква, сусам .....
Подготовка
Подготовка:
1. Се матат јајца со сол. Потоа се додаваат зејтин, јогурт, брашно, пециво и варена пасирана тиква. Сето ова се миксира да се добие убава смеса. На крајот се додава дробено сирење. Може да се стави спанаќ, праз, по ваш избор.
2. Се истура смесата во округол плех бр28 се поросува со семиња и се печи на 200С-30мин.
Ова е брза погачка за ненајавени гости или за брза вечера /доручек во недостиг на време.