Испечати

Посен колач со тиква

Посен колач со тиква

Состојки

  • 1 чаша рендана тиква (200 мл)
  • 1 чаша шеќер
  • 1 чаша сечкани ореви
  • 2 чаши брашно
  • 1 лажичка сода
  • 5 гр цимет
  • 1 ванила
  • 1 чаша масло
  • џем, сечкани ореви и цимет (за украсување)
  • 50 гр брусница

Подготовка

Едноставен но вкусен колач.
1. Рерната загрејте ја на 180 степени.
2. Во вангла измешајте ги сите состојки. Смесата истурете ја во калап за леб на кој сте ставиле хартија за печење.
3. Печете отприлика четириесетина минути.
4. Кога ќе го извадите, веднаш премачкајте го со вашиот омилен џем, наросете го со цимет и ореви и оставете го добро да се излади пред да го сечете.