Испечати

Пиперчиња во тегли

Пиперчиња во тегли

Состојки

  • околу 3 кг пиперчиња
  • Солило
  • 2,5 литри вода
  • 90 гр крупна сол
  • 60 гр шеќер
  • 60 мл есенција
  • 5 гр винобран
  • За полнење
  • 400 гр урда
  • 1 лажиче сол
  • 1-2 лажици кисела павлака

Подготовка

Страдам за вакви нелути пиперчиња, но се поретко можат да се најдат. Комшивката ме слушна и ми ги даде нејзини одгледани во градината. Рече ете ти нелути. Ама пак не беа... Среќа што решив вака да ги напраам, едни цели и едни полнети.

Подготовка:

1. Најпрво се меша солилото, се убаво да се раствори.

2. Оние кои не беа за полнење, ги ставив во тегли и ги наполнив до горе со солило. Оние кои се за полнење, ги оставив во солилото преку ноќ, претходно извадени рачките и семките. Потоа ги исушив од течноста.

3. Урдата кај мене не беше солена, па солта е со усул да ја ставате. Павлаката е да даде кремаста структура на урдата, а се додава во зависност колку е сочна или сува таа.

4. Со ова ги полниме пиперчињата и ги редиме во тегли. Дополнуваме масло во теглите до горе.