Чуроси и чоко сос
Состојки
- сос
- 500 мл млеко
- 5 лажици какао
- 1 лажица несквик
- 3 лажици пудинг од чоколадо
- 100 гр чоколадо
- тесто
- 250 мл вода
- 200 гр брашно
- 75 гр маргарин
- 1/2 лајче пециво
- 1 цело јајце
- масло за пржење
- 100 гр шекер + цимет
Подготовка
Подготовка:
1. Се прави сосот. Се става во едно мало тенџерче и се вари 5мин.
2. За тестото се става вода во сад да зоврие. Кога ке зоврие се трга настрана се додава маргаринот да се стопи и брашното се меша да се изедначи да се направи како топка. Потоа се додава 1 јајце се миксира и се полни шприцот. Се прават долги ленти со шприц и се пржат по една мин. од двете страни. Додека се топли се увалкуваат во цимет и шеќер. Се служат со чоко сос.