Апетитка
Состојки
- 5 кг домати
- 1 кг феферони
- 250 мл масло
- 1 филџан киселина
- 1 филџан шеќер
- сол по вкус
- 1 китка магдонос
- 1 пакетче црн бибер во зрно
Подготовка
Подготовка:
1. Доматите се мелат во нутрибулет. Се ставаат во голема шерпа и се вари околу 30 мин.
2. Се додават исчистените феферони, маслото, шеќерот, солта и биберот во зрно. Се вари уште 15мин со постојано мешање.
3. На крајот се додава исечканиот магдонос и се собира во врели тегли кои се завиткуваат во кебе на топло .