Свежа салата со келераба
Состојки
- 1 келераба
- 1големо жолто јаболко
- 1/3лажиче копар
- 1 лимонов сок
Подготовка
Преубава салата за сите кои сакаат свежа необработена храна. Келерабата или попозната како германска репка се јаде и свежа и варена. Во мојот случај ќе ја пробате свежа како салата со додаток на јаболко.
Подготовка:
1. Исецкајте ги на стапчиња и јаболкото и келерабата. Прво исчистете ја излупете ја и сецкајте на тенки стапчиња. Помешајте ги благо, попрскувајќи им свежо цеден сок од лимон.
2. Зачинете со копар. Ако имате свеж е уште подобро. На здравје со овој премногу здрав рецепт.