Испечати

Брза и лесна фанурија

Брза и лесна фанурија

Состојки

  • 1 чаша (200мл) кафеав шеќер
  • 4 чаши брашно
  • 1 ќесе ванилин шеќер
  • 1/2 лажиче цимет
  • 1 лажиќе сода бикарбона
  • 2 чаши сок од портокал
  • 1/2 чаша масло
  • 50на гр сечкани ореви
  • 50на гр чоколадни трошки

Подготовка

Фанурија, благо лепче, т.е. пита, која се прави на 09.09. на денот на светецот Фанурија од 9 состојки. Уште една верзија на бесквасна Фанурија како предлог од мене, која се подготвува многу брзо и едноставно.

1. Само се мешаат сувите состојки, па се додаваат останатите, се меша и на креј се додаваат чоколадните трошки.

2. Во намрсен и набрашнет калап 26 или 24 се истура смесата, се икрасува и се печи на 170С, околу25 минути во зависnост од рерната. Кај мене е во силиконски куглог калап, само намрсен.

3. По желба доукрасете и посипете шеќер во прав.