Испечати

Пита со тиквички

Пита со тиквички

Состојки

  • 2 средни тиквички
  • 2 јајца
  • 200 гр кисела павлака
  • 100 гр брашно
  • 3 лажици полни пченкарно брашно
  • 1/2 лажиче прашок за печење
  • 150-200 гр дробено сирење
  • 150 гр сечкана шунка на коцки
  • по вкус сол и црн бибер

Подготовка

Подготовка

1. Изрендајте ги тиквичките, посолете ги и оставете ги да отстојат, па потоа убаво исцедете ги од водата и ставете ги во подлабока вангла, во која ќе ги додадете редоследно останатите состојки и убаво ќе ги измешате.

2. Смесата истурете ја во тава 26 претходно намрсена и набрашнета, посипете по желба со сусам и семки, иако не морате и печете на 180С, околу 30на плус минути.

3. Послужете со кисело млеко или павлака.