Смути (смокви и круши)
Состојки
- 4-5 Смокви
- 2 Круши
- 150 мл Вода
- За заблажување по вкус Мед
Подготовка
Одличен појадок, ужина или лесна вечера.
Подготовка:
1. Крушите измијте ги убаво и исечете ги на помали парчиња. Исечете го делот со семките и дршките. Ако сакате не мора да ги лупите (по желба).
2. И смоквите истотака убаво ги миеме и лупиме, па ги додаваме во чашката од нутрибулетот. Додаваме вода и блендираме. Заблажуваме по вкус и послужуваме веднаш.
На здравје!