Посна проја со праз
Состојки
- шоља од 250мл.
- 2 шољи пченкарно брашно
- 1 шоља пченично брашно
- 1 шоља спелтино брашно
- 2 шољи кисела вода
- 1/2 шоља масло
- 15гр. пециво
- 1 полна лажичка сол
- 3 грста ситно сецкан праз
- по потреба сусам
Подготовка
Подготовка:
1. Во длабок сад измешајте ги трите вида брашно, пецивото и солта. Додајте го маслото и водата.
Измешајте убаво, па додајте го празот. Промешајте уште еднаш.
2. Правоаголен сад премачкајте го со масло и набрашнете. Истурете ја смесата, израмнете ја и посипете со сусам. Печете во загреана рерна на 200 степени, 40 минути. Послужете ја со растителен јогурт или свежа салата.