Овесна каша за доручек
Состојки
- 3 лажици овесни снегулки
- 100 мл вода
- 1 лажичка какао
- 1 лажичка мед
- 1 лажичка путер од кикиритки или лешници
- 1 банана
- малинки по потреба
Подготовка
Вкусен и здрав доручек кој ќе ве држи сити долго време.
Подготовка
1. На оган ставете ја водата, додајте ги снегулките и какаото и варете минута две, мешајќи.
2. Бананата изгмечете ја, додајте ја кашата, медот и путерот и измешајте. Малинки ставете по вкус.