Совршен летен ручек (готов за 5-10 минути)
Состојки
- 1 пакување Нудли
- 1 Пиперка
- 1 Домат
- 1 помала главица Кромид
- 4-5 г.л. Доматно пире
- 10-на парчиња Чајна
- по вкус сол, црн бибер
- 1 и 1/2 чаши (360 мл) Вода
Подготовка
Брзо, лесно, превкусно...ова е најдобриот опис на ова јадење. Се спрема буквално за 5 - 10 минути. Овој рецепт е идеален особено за луѓе кои немаат многу слободно време.
Подготовка
1. Во тава ги ставаме сите наведени состојки, од кои зеленчукот и чајната ситно ги сецкаме (видете дополнителни слики). Посолуваме, додаваме црн бибер и ги додаваме додатоците од нудлите. Потоа додаваме 360 мл вода. Промешуваме.
2. Тавата ја покриваме со капак. Уклучуваме на најјака темпертура, по околу 2 минути откако ќе зоврие водата, пак промешуваме. Оставаме да крчка уште 2 минути, овојпат без капак. Повремено промешуваме. Послужуваме веднаш.
Забелешка - По желба претходно на малку масло пропржете го кромидот.
На здравје!