Испечати

Домашен кашкавал од свежо млеко

Домашен кашкавал од свежо млеко

Состојки

  • 1 литро Млеко
  • 3 Јајца
  • 200 мл Павлака

Подготовка

Многу вкусен кашкавал направен во домашни услови, нема да му одолеете!

ПодготовкаЧ

1. Млекото ставете го да зоврие. Додека го чекате млекото во една чинија скршите јајца, додајте павлака и промешајте.
2. Истурете ја смесата во зовриеното млеко и мешајте околу 10 минути. Посолете по вкус.
3. Добиената смеса исцедете ја во газа, ставете нешто тешко и чекајте да се излади. Може да ја ставите во некој калап, во некоја форма. Изладениот кашкавал ставете го во фрижидер да излади. Сечете на парчиња и уживајте!
Од останата сурутка може да замесите соленки.

*ЗабелешкаЧ По желба во млекото може и да ставете зачини,како магдонос,копар и слично!
Добар апетит!