Освежувачко Смути (банана, малини, сливи)
Состојки
- 1 Банана (позрела) замрзната
- 1 рака Малини (замрзнати)
- 5-6 Сливи
- по потреба Вода
Подготовка
Освежувачко смути, здраво, богато и превкусно. Благодарение на мноштвото вкусови и бои, кремастата текстура и неодоливиот вкус, но и поради хранливите материи ни обезбедува енергија во текот на денот.
Подготовка
1. Во чашката од блендерот ги ставаме наведените овошки (јас сливите ги излупив, но не мора). Додаваме вода и блендираме до хомогенизирање. Послужуваме веднаш.
Забелешка - По вкус додадете заблажувач, јас не додадов воопшто.
На здравје!