Испечати

Пилешко тако на скара (Taco sup pollo asado)

Пилешко тако на скара (Taco sup pollo asado)

Состојки

  • 4 тортиљи
  • 600гр пилешки стек
  • 4лажици зејтин
  • 1лажичка сол
  • 1мала лажичка ѓумбир паста
  • 3лажици кисело млеко
  • 1/2 лажиче кумин
  • 1/2 лажиче црвен пипер
  • 1/2лажиче куркума
  • 1/2лажиче оригано
  • 1лажиче сок од лимета
  • За остатокот
  • 100мл масло за пржење
  • За полнежот
  • 1 краставица
  • 2 црвен патлиџан
  • 3гранки магдонос
  • 2 црвен кромид
  • За димено
  • 1 жешко јагленче
  • 50мл маслиново масло
  • За дополнителен полнеж
  • 200гр мешавина од пармезан, чедар,моцарела, гауда

Подготовка

Полн погодок за овој натпревар. Веднаш да кажам дека можете да го смените името. Јас го пишав како е оргиналот. Само што се вратив од Шпанија каде го пробав за мене најубавото такос.
Се подраспрашав, па и побарав да видам како и што се спрема, па добив одговор. Пробав и во домашни услови, не е исто, но и овој вкус беше одличен.

Подготовка:
1. Најпрво се маринира месото. Во сад се става месото сецкано на коцки, па се додаваат сите овие погоре напишани зачини. Се додава и киселото млеко, па се се меша заедно. Оставам да отстои малку некои 15 минути, па потоа ги пржам во заграно масло. Е сега ова беше нешто ново за мене, па пробав.
2. Во средината на тавчето каде пржиме, ставаме мало лимено садче, а во него загреано јагленче.
Јас немав друго, па ставив од тие од црква, јагленчиња за темјан. Истурив маслиново масло и поклопив со капак, така таа миризба да влезе насекаде во месото. Ова ли е тајната на убавиот вкус или не,  реално не знам. Важно јас имровизирав. Вадиме на страна во еден сад.
3. Во меѓувреме ги сецкаме зеленчуците на коцки во друг сад, Кога сме спремни со се, земаме тортиљи, па ги ставаме во истото тавче. Во средината ставаме од месото, па мешан пармезан, гауда,моцарела, и веднаш преклопуваме на пола. Притиснуваме пополека. Печеме кратко од двете страни.
Така ја повторуваме постапката и со останатите 3 тортиљи. Ги сервираме во чинија.
4. Како се служат, така се полнат со салатата, па се зачинуваат со кари паста или сенф сос. Ова беше за мене преубав вкус, мешавина која премногу ми се допадна.
Пробајте нема да згрешите.