Пржени уштипци= мини ќофтиња
Состојки
- 500гр мелено месо
- 3 јајца
- 250мл кисела вода
- 5лажици зејтин
- 5лажици брашно
- 1главица рендан кромид
- 1 пециво
- 1 гранка магдонос
- 1/2лажица сол, вегета, оригано
Подготовка
Подготовка:
1. Измесете ги овие состојки, Спојте ги убаво, нека прими месото од зачините и кромидот. Покријте со најлонска фолија и ставете во фрижидер. Нека отстои 2 часа.
2. После 2 часа, земете со мала лажичка и пуштајте во врел зејтин. Пржените уштипци ставајте ги врз кујнска хартија да ја упијат маснотијата.
На здравје да ви се.