Зелена салата со булгур
Состојки
- 1 краставица
- 1 зелена пиперка
- 2-3 чешниња лук ( може замена лук во прав )
- ½ лажица сув копар
- 2 лажици сецкан свеж магдонос
- 1 лажиче сол
- 2 лажици маслиново масло
- 5-6 лажици варен булгур
- 4 лажици грчки јогурт
Подготовка
Вкусна салата, која за мене во овие жешки летни денови беше цел оброк
Подготовка:
1. Краставицата ја лупиме и ја сецкаме на ситни коцки. Пиперката ја сецкаме на ситно.
2. Во длабок сад ги ставаме сецканата краставица, пиперка, копарот, магдоносот и лукот исецкан на ситно. Промешуваме. Ги додаваме лимоновиот сок, солта и маслиновото масло, промешуваме. Го доаваме варениот булгур, промешуваме. Сервираме. Врз салатата ставаме грчки јогурт.