Испечати

Посни колачи

Посни колачи

Состојки

  • 500 мл зејтин
  • 250 мл пиво
  • 1 пециво
  • 1 ванила
  • 6 лажици гриз
  • 900 гр брашно
  • Шербет
  • 500 мл вода
  • 700 гр шеќер
  • полнеж
  • мармалад по желба
  • толчени ореви по желба
  • локум по желба
  • мелени ореви за увалкување на колачите
  • 1 сок од лимон

Подготовка

Подготовка:

1. Најпрво се става во длабок сад пивото, маслото, пецивото, ванилата и се меша со лажица. Потоа се додава гризот и брашното.
2. Се замесува тесто и се прават топчиња со големина на орев.
3. Во секое топче се става орев, бадем, локум, мармалад ....по желба и се редат топчињата во плехот од шпорет.
4. Се печат колачите на 200С-25мин. Се оставаат да оладат.
5. Шербетот се вари 7мин и на крајот се додава лимонот. Се попаруваат оладените колачиња.
6. На крајот се увалуваат во ореви.