Богата омлет тортиља
Состојки
- 1 тортиља
- 2 јајца (по можност селски)
- 5 тенки листови пршут
- 4 листови салатка
- 1/4 авокадо
- 4 кругови домат
- 4 кругови кромид
Подготовка
Во последно време, често може да се најдат тортиљи во мојот фрижидер. Дури во замрзнувачот чувам по 1 пакетче. Прво почнав да ги купувам кога правев гиро, но потоа сфатив дека можам да ги полнам со што сакам. Оваа варијанта е прекрасна, ја правев за доручек, за себе, а можностите се бесконечни.
Подготовка:
1. Прво припремете ги јајцата како омлет палачинка во големина на тортиљата. Кога ќе ви биде готова палачинката од јајца, ставете ја врз тортиљата.
2. Потоа наредете го одозгора пршутот, па 2 листови салата, па сечканото авокадо и круговите домат и кромид. Замотајте ја тортиљата внимателно и пресечете ја на половина и сервирајте ја врз 2 листови салата.
На здравје превкусниот здрав доручек.