Испечати

Безалкохолен летен овошен пијалок

Безалкохолен летен овошен пијалок

Состојки

  • 1 киви
  • 4-5 лажици пире од малини
  • по потреба сок од портокал
  • многу коцки мраз

Подготовка

Подготовка:

1. Ставете го кивито во висока чаша и со мало толчниче истолчете го да се раздроби што поситно и да пушти сок.

2. Потоа во чашата ставете до горе коцки мраз и наполнете ја скоро до го врв.

3. Најгоре полека внимателно додадете го пирето од малини.

4. Ставете поширока цевка и уживајте во летното витаминско разладување.