Сочни коцки
Состојки
- 4 јајца
- 1 шоља шеќер
- 1 шоља масло
- 1 шоља гриз
- 1 шоља сечкани ореви
- 1 пециво
- 1 ванила
- Шербет
- 1 шоља шеќер
- 1 шоља вода
- 2 ванила
- 1 шчаг крем
Подготовка
Подготовка:
1. Се матат јајцата со постепено додавање на шеќерот. Кога ќе се згуснат јајцата се додаваат постепено другите состојки и се меша со шпатула. Се истура во подмачкано плехче се печи на 200С-25мин. Додека се печи се прави шербетот.
2. Кога е испечено тестото се прелива со топол шербет. Се сечи на коцки и се украсува со шлаг крем.
На здравје.