Десерт во чаша
Состојки
- 300 гр кршени бисквити
- 150 гр стопен маргарин
- 3 лажици шеќер во прав
- 100 мл вода
- 1 лажица густин
- 300 гр микс овошје
- 300 гр шлаг крем
- 300 мл млеко или вода
- сок од половина лимон
- 4 лажици шеќер во прав
- 100 гр крем сир
- 200 мл јогурт
- 1 кесичка желатин
Подготовка
Подготовка:
1. Прво го ставаме овошјето да се вари 10мин со шеќерот. Потоа во него се додава густинот измешан со вода и се додава во овошјето и се вари додека се згусне.
2. Желатинот направете го по упатството на кесичката.
3. Потоа го матиме шлаг кремот со вода и постепено го додаваме шеќерот,јогуртот,сирењето и желатинот.
4. Во дробените бисквити го ставаме растопениот маргарин и добро го мешаме да се добие растресита смеса.
5. Во длабоки чаши редиме фил од овошје,дробени бисквити,крем бисквити крем фил и најгоре завршуваме со крем и декорираме со цреша.Уживајте!!!