Испечати

Похована палачинка

Похована палачинка

Состојки

  • 4 палачинки
  • 2 банани
  • 2 лажици еурокрем
  • 2 лажици шеќер
  • 1 лажица цимет
  • масло за пржење

Подготовка

Подготовка:

1.Стандардно се прават палачинките по ваш омилен рецепт
2.Се зема една палачинка се премачкува со еурокрем се става половина банана се превиткува од лево десно и потоа како палачинка.Се забодува чачкалица, за да не се одвиткува и се пржи кратко во жешко масло.
3. Потоа додека е врела палачинката се увалува во шеќер и цимет. Се сервира со сладолед или така без ништо. Превкусно!