Испечати

Коцки со кајсии

Коцки со кајсии

Состојки

  • 10 кајсии свежи
  • 4 јајца
  • 2 ванили
  • 120гр шеќер
  • 200гр брашно
  • 1 паковка пециво
  • 120мл стопен маргарин

Подготовка

Подготовка:

1. Во садот од миксерот се матат јајцата,шеќерот и ванилите. Кога е доволно изматено се додава брашното,пецивото и растопениот маргарин. Мешаме со шпатула, и смесата ја префрламе во претходно намастен плех, Редиме врз него и во него половинки кајсии.
2. Ставаме да се пече на потивко, да се испече секаде рамномерно. Имавме преубав колач за со кафе.
Кога е готов сечете на коцки. Служете.
На здравје