Сочен Колач (со фил од белки и лешници)
Состојки
- За тесто
- 3 Жолчки
- 4 г.л. Шеќер
- прстофат Сол
- 2 Ванили
- 1 Пециво
- 125 гр Путер (маргарин)
- 300 гр Брашно (просеано)
- 1 Лимон (кората)
- 3 г.л. Ладна Вода
- Фил
- 3 Белки
- 150 гр Шеќер
- 3 г.л. Мармалад
- 150 гр Лешници (сецкани) може и ореви
- Плус за посипување - Шеќер во прав
Подготовка
Сочен, превкусен колач, кој се топи во уста.
Подготовка
1. Жолчките ги матиме со шеќерот, солта и ванилите. Потоа ги додаваме останатите наведени состојки, и замесуваме тесто.
2. Од тестото одделуваме 1/3, тој дел го завиткуваме во стреч фолија и го ставаме во замрзнувач. Останатите 2/3 тесто исто ги завиткуваме во стреч фолија, и ги ставаме во обичен фрижидер (пола час).
3. Филот се подготвува со матење на белките и шеќерот до згуснување. Потоа ги додаваме мармаладот и лешниците (соединуваме со рачна маталка).
4. После 30 минути, тестото (2/3) се плеска во тавче. Врз него го ставаме филот, па врз филот го рендаме замрзнатото тесто. Колачот се пече во загреана рерна на 180 степени (до заруменување). Одозгора посипуваме шеќер во прав.
Забелешка - Место лешници, може да употребите и ореви (по вкус).
На здравје!