Урмашици
Состојки
- 1 јајце
- 2 жолчки
- прстофат сол
- 1 ванила
- 2 лажици шеќер
- 2 лажици кисело млеко
- 1 лажиче лимонов сок
- 250 гр. путер ( маргарин) омекнат на собна температура
- 2 кафени финџалчиња масло ( од по 100 мл.)
- 1 пециво
- по потреба брашно, околу 500 гр.
- За шербет
- 750 гр. шеќер
- 750 мл. вода
- 1 ванила
- 2-3 круга лимон
Подготовка
Подготовка:
1.Од наведените состојки се меси меко тесто, но не да е лепливо на раце. Се обликуваат урмашиците.
2. Се печат во загреана рерна на 180 околу 30 мин. Колачињата жешки со полеваат со млак шербет.
3.За шербетот се зовриваат шеќерот и водата, откако ќе зоврие се вари 10 мин. на умерен оган. Се додава ванилата и лимонот. Откако ќе се полеат со шербет, да отстојат 3-4 часа, најмалку, па дегустација.
На здравје сладење!