Испечати

Домашни Плескавици

Домашни Плескавици

Состојки

  • 500 гр Мешано мелено месо
  • 50 гр Брашно
  • 1 главица Кромид (ситно сецкан или рендан)
  • 1 м.л. Сол
  • 1/4 г.л. Мешан зачин
  • 1 м.л. Сода
  • 1 м.л. Црвен пипер
  • 50 мл Кисела Вода

Подготовка

Вкусни и сочни плескавици, со едноставна и брза подготовка, идеални за брз и превкусен ручек.

Подготовка:

1. Во длабок сад ги ставаме наведените состојки, од кои киселата вода ја додаваме на крај. Ја замесуваме смесата, садот го покриваме со стреч фолија и го оставаме во фрижидер барем 2 часа.
2. Потоа смесата ја делиме на 6 дела, за 6 плескавици. Формираните плескавици ги пржиме во грил тава или пак ги печеме на скара. Ги послужуваме веднаш.

На здравје!