Испечати

Печен барбун

Печен барбун

Состојки

  • 6 парчиња барбун
  • 1 лимон
  • 200 мл бело вино
  • 3-4 чешниња лук
  • свеж рузмарн по вкус
  • маслиново масло по потреба
  • сув зачин по вкус

Подготовка

Подготовка
1. Рибата исчистете ја и измиете ја. Ставете ја во тавата во која ќе ја печете, потурете ја со масло и вино, зачинете ја. Половина од лимонот исечете го на парчиња, а половината исцедете го врз рибата. Во стомакот на рибата ставете по малку рузмарин и исечкан лук. оставете ја да се маринира до два часа.
2. Печете на 200 степени дваесетина минути. Во текот на печењето може еднаш и да ја превртите.
Послужете ја со прилог по желба. Јас со мешан зеленчук со ориз и куркума. На здравје!